Забава
Изграден бетонски прстен за чување податоци во Прилеп – погледнете како изгледа
Објектот е составен од двојна бетонска конструкција со масивни армирно-бетонски sидови за серверите да останат недопрени во случај на природни непогоди и тероризам.
Според проектот на 1X2STUDIO од Белград, на чело со архитектот Зоран Абадиќ, во Прилеп е изграден Business Continuity and Disaster Recovery Data Center, кој обезбедува континуитет во работењето на ИТ-системите во функција на работата на Министерството за внатрешни работи, пренесува српскиот портал „Градња“. Основната цел на проектот е да се обезбеди заштита на опкружувањето на објектот и на опремата (како и сите информации и софтвери) од кражби, вандализам, природни непогоди (вклучувајќи земјотреси), предизвикани катастрофи, тероризам и неочекувано оштетување од електрични напони, екстремни температури и слично.
Објектот се наоѓа североисточно од центарот на Прилеп – од Скопје на околу 132 или 176 километри, до центарот на градот Прилеп околу 2,20 километра, до најблиските изградени објекти на околу 230 метри, до пристапниот пат за возила околу 160 метри, до други пристапни патишта во околината од околу 200 метри.
Централно јадро
Соба во соба
Сервер-собата е дизајнирана како соба во соба и обезбедува највисоко ниво на физичка заштита, а со тоа и спречува ризици. Вградените системи обезбедуваат сеопфатна заштита и како такви, мултифункционална безбедност на бекап и сервер-системите, мрежните компјутери и комуникациските системи.
Армирно-бетонски sидови
Основата на објектот ја сочинува двојна бетонска конструкција од масивни армирно-бетонски ѕидови, чие исполнување е од високоефикасен изолациски материјал, а со цел највисок степен на заштита од пожари. Сите елементи на структурата на објектот – ѕидови, тавани и покрив – немаат никаков отвор.
Под постојан надзор
Во согласност со основната намена, овој објект бара одржување 24/7/365. За време на одморите и отсуствата, потребни се 5,5 лица за регуларно одвивање на една работна смена во траење од 24 часа, 7 дена во неделата. Бројот на вработени во објектот, на позицијата техничар е 2, мрежен оператор 2+2, вооружено обезбедување 2, а надвор од објектот 19 – на позиција вооружено обезбедување 5, на локација 2, на пријавница 2, во зоната на периметарот приближно 10.