Македонија
Извршен инспекциски увид на Чинарот

Државниот инспектор за природа, денес изврши увид во состојбата на охридскиот чинар, откако вчера дошло до оштетување на горните гранки од стеблото, информира локалната самоуправа.
На средба со претставници на локалната самоуправа Рустеми бил запознат со повторениот јавен оглас за санација и ревитализација на чинарот, што одделението за заштита и влијание на животната средина го распиша вчера.
Потсетуваме дека со годишната програма на одделението за заштита и влијание на животната средина, предвидени се средства за целосна санација и ревитализација на чинарот, со која на најсоодветен начин ќе биде заштитен еден од најпрепознатливите симболи на Охрид. – соопшти Општина Охрид.