Македонија
Извршено порибување на река Пена со 50 килограми риба
Во Тетово беше извршено порибување на реката Пена од страна на претставници на Здружение „Риболовец Вардар” од Брвеница, како концесионер на риболовна зона во тетовскиот регион. Во водите на реката Пена беа пуштени 50 килограми риба.
-Денеска организираме порибување на река Пена според годишен план на Здружението Риболовец-Вардар од Брвеница која има задолжение да пориби секоја околу 100 килограми риба. Се порибува со риба пастрмка 50 килограми, сега има вода има доток на вода и е чиста за разлика од пред некоја година. Секоја година како има голем интересот за рибарење кај граѓаните. Апелираме да не фрлаат граѓаните отпадоци во реките, а рибарите доколку фатат мали риби да ги вратат во речните води, изјави Стојанчо Анѓеловски, претседател на Здружението.
Здружението „Риболовец Вардар” од Брвеница концесијата на рибната зона од река Требишница па се до дрвен мост на Радуша ја има добиено во 2019 година во времетраење од шест години.