Натпреварот за најсмешна фотографија од дивиот свет ги избра своите финалисти за 2018 година. Од вкупно 2.000 кандидати беа избрани само 41.
– Стандардот на фотографијата, во однос на квалитетот на фотографијата, се зголемува секоја година. Хуморот останува брилијантен, а оваа година има и нови животни што претходно не сме ги имале – вели Том Салум, еден од основачите на натпреварот.
Том вели дека фотографиите се мешавина – 30 отсто професионални и 70 отсто аматерски, со што има поширока разновидност на фотографирани животни. Пораката што организаторите сакаат да ја испратат е конзервација на дивиот свет.
Наградите ќе бидат објавени на 15 ноември во Фојлес, во Чаринг Крос, Лондон. Уживајте во фотографиите од финалистите.