Забава

Идеално решение за оние на кои раката постојано им е на автомобилската сирена

Нaпнaтоcтa на возачите кои не престануваат да свират во сообраќајниот мeтeж е дел од секојдневието на улиците во поголемите градови. Властите на Мумбаи одлучиле да ја прекинат вревaта со свирките со воведување на нов вид на кaзнa.

Мумбаи е пренаселен и доста загаден, а покрај овие недостатоци градот има уште еден проблем, а тоа се секако нервозните возачи кои, во сообраќајниот метеж, додека на семафорите свети црвено, времето си го кратат, свирејќи. Често се случува десетици возачи да стават рака на сирените и прават огромна бучава.

Полицијата не знаела како да стави крај на ваквото однесување на возачите, па се сетила на доста интересен потег. Кон крајот на 2019 година, тие започнале проект наречен „казнен сигнал“ и поставиле мерачи на бучава и порака до возачите на неколку семафори во градот – доколку свириш, ќе чекаш подолго. Во моментот кога бучавата ќе надмине одредена граница се зголемува времето на траење на црвеното светло, а со тоа и времето на чекање на семафор. Бучавата е поставена на 85 db.

Овој проект спроведен од страна на полицијата се покажал како успешен. Возачите престанале да свират толку често, таквото нивно однесување било драстично намалено.

Тагови

Поврзани вести