Свет
Игра, оброк или нешто трето: Речни делфини снимени со анаконда в уста
Една многу необична глетка забележал објективот на научниците кои набљудуваат ретки и срамежливи речни делфини во североисточните делови на Боливија.
Светот на природата е многу инспиративен и фасцинантен, а неговите сцени често нè изненадуваат: како на пример кога истражувачите снимија крајно неверојатна сцена на речни делфини од Боливија, кои пливаат наоколу држејќи анаконда в уста.
Овие речни делфини ретко се гледаат во природата бидејќи ја држат главата над површината на водата многу кратко време, а уште поретко ја држат главата над водата и истовремено држат змија грабливка.
Иако не е јасно што точно се случило, делфините и китовите се општо познати по игривите активности кои вклучуваат други животни, доброволно или против нивна волја.
Фотографијата е направена во август 2021 година, во близина на реката Тијамучи во Боливија. Во таа прилика, истражувачите забележале група делфини кои се задржуваат над водата подолго од вообичаеното. Но, дури откако ги прегледале фотографиите, тие добија идеја што навистина се случило.
„Сфативме дека биле окупирани со змија, и иако беше тешко да се процени големината на групата, таа се состоеше од најмалку 6 делфини“, пишуваат истражувачите во трудот во кој ја опишуваат оваа необична средба. „Јасно беше дека си играат со неа, дека не се обидуваат да ја изедат.
Делфините комуницирале со змијата на неколку различни начини. Повремено пливаа покрај неа, не оддалечувајќи се премногу.
Овие интеракции меѓу делфините се ретки, а истражувачите веруваат дека постои можност делфините меѓусебно да се подучувале за змиите. Тие ја наведуваат и можноста змијата да била оброк, иако, за волја на вистината, не го снимиле моментот кога делфините ја изеле боата.
Речните делфини обично е тешко да се најдат бидејќи реките често се калливи и потешки за истражување од океаните. Но, иако деталите за тоа што се случило не се јасни – ова е корисен увид за тоа како овие суштества поминуваат дел од своето време.
Многу е веројатно дека ова искуство не завршило добро за змијата. Како што успеале да видат експертите, таа не се мрднала за време на интеракцијата и потоа долго време останала под вода, поради што се посомневале дека на крајот завршила мртва.
„Мислам дека змијата не се забавуваше многу“, вели биологот Штефен Рајхле од Природонаучниот музеј во Боливија.
Истражувањето е објавено во списанието Ecology.
Бени анакондата (Eunectes beniensis) може да порасне до 2 метра и да живее во истиот дел од светот како и боливискиот речен делфин (Inia geoffrensis boliviensis), односно во делот на амазонската прашума лоцирана во североисточните делови на Боливија, пренесува kajgana.com.mk