Свет
Зошто едноставно не се забранат еднократните пластични производи?
Светската организација за заштита на природата (World Wide Fund) денеска ги повика светските влади да ги поддржат глобалните забрани и постепеното елиминирање на штетните пластични производи за еднократна употреба, како што се пластичните прибор за јадење, електронските цигари, микропластиката во козметиката и слично но не и пластичните шишиња.
Како што се наведува во соопштението, овој апел доаѓа пред преговорите за договорот на Обединети нации за загадување со пластика, што ќе се одржат во Париз од 29 мај до 2 јуни.
Еднинствното решение за спас од пластичниот отпад е забрана на еднократните или сета пластична амбалажа. Ниедна организација, ниедна влада нити пак медиум досега не го поставиле и земале во предвид ова едноставно решение. Сето тоа говори колкаво е влијанието на големите светски корпорации во сите горенаведени институции што никој досега не го покренал како иницијатива, примерот со послушноста околу ивршувањето на зададените задачи за време на пандемијата е само еден пример колку е едноставно решението кога би имало желба за тоа, очигледно во врвот на пирамидата ја нема или поточно тоа ќе е на штета на корпорациите, а во корист на сите жители на планетата земја.
Светската организација за заштита на природата нарача серија нови извештаи, објавени денеска, кои ги идентификуваат најштетните пластични производи кои ја загадуваат животната средина и предлагаат глобални контролни мерки потребни за елиминирање, намалување или безбедно управување со овие предмети. Дали е со ова се сака да се ублажи јавното незадоволство од неправилната работа како и додега или навистина ќе дојде до некакви промени ќе видиме во блиска иднина
Организацијата се залага овие мерки да бидат вклучени во текстот на договорот што ќе биде објавен пред следната рунда преговори во декември 2023 година.