Македонија
Зошто не работи мерната станица за квалитет на воздухот во Тетово?
Невладината организација „Еко герила“ реагираше по големиот пожар кој денеска предизвика загадување на воздухот во Тетово.
Од оваа организација бараат одговор од Министерството за животна средина и просторно планирање, зошто не работи мерачот за загаденост на воздухот во градот.
„Зошто денеска не работи единствениот мерач на загаденост на воздухот во Тетово? Граѓаните треба да знаат каков воздух дишат денес!“, велат од „Еко герила“.
Инаку, во денешниот пожар што избувна во фабрика за градежни материјали во Тетово, предизвика висока загаденост на воздухот, но за среќа нема жртви.