Природа

Зошто дождот нè прави поспани?

Кога времето е облачно и дождливо, највеќе посакуваме да можеме да останеме дома и да не станеме од кревет.

Од друга страна пак, за луѓето кои имаат проблеми со несоница, често се препорачуваат звуци со дожд кои имаат моќ да го смират умот и да ни помогнат да заспиеме полесно.

Но, зошто е тоа така?

Според др. Сју Пикок, дождот ја има оваа огромна моќ да нè направи поспани бидејќи претставува бел звук (силниот дожд) или розов звук (капките дожд). Според неа, ваквите звуци се како апче за смирување за нашиот мозок и ни помагаат да се опуштиме, а со тоа и да заспиеме полесно. Тоа е особено лесно со розовиот звук бидејќи е поприроден и лесен звук на кој лесно се навикнуваме и кој ни годи.

Според едно истражување спроведено на Харвард и Корнвел универзитетот дури 38% од возрасните не само што лесно заспиваат при ваквите звуци, туку  и имаат одличен квалитет на сонот.

Според експертите, белиот звук не доаѓа само од дождот, туку и од звуците како телевизија, фен, правосмукалка и тн. Но, веројатно би се согласиле дека ништо го нема тој ефект како дождот. Дополнително, тоа се должи на фактот што кога врне, нема сонце и атмосферата е потемна што му вели на нашиот мозок дека е време за спиење. Така во нашето тело почнува да се лачи мелатонин и подготвени сме да си легнеме без оглед на времето во денот.

Освен тоа, дождот е звук кој е неутрален и кој го смирува целото наше тело, не само мозокот. За разлика од белиот звук за пример на правосмукалката, со звукот на дождот се опуштаме и нашето тело не се грчи, туку напротив, се опушта.

Дождот е и медитативен звук кој на нашиот мозок го има истото влијание како и медитацијата. Тој ги поттикнува алфа брановите во нашиот мозок и ни помага да заспиеме полесно. Нешто што е особено важно е дека кога врне, звукот на дожот ги неутрализира останатите звуци околу нас и тоа ни помага да се фокусираме само на дождот, што е совршена формула за да заспиеме.

Тагови

Поврзани вести