Македонија
Има ли сеуште отровен Линдан во ОХИС?!
Најголем дел од хемикалиите веќе се отстранети од „Охис“ и од дворот на фабриката, изјави попладнево градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски.
Според изјавите на одговорните лица, во ОХИС сеуште има остатоци од Линдан иако министерството за екологија изминатите две години најмалку десетина пати најавиваше дека утре ќе почнат со комплетно отстранување на отровниот отпад во ОХИС. Дали ќе има одговорност за изнесените невистини и пренесувањето на лажни информации кој доведоа до паника кај граѓаните на Скопје останува да видиме.
Среќна околност е и што навреме реагираа противпожарните единици на Градот Скопје. Од информациите што ги имаме од луѓето кои ги контактиравме во меѓувреме, линданот е на длабочина до која не може да допре огнот, така што нема во моментов опасност и од пожар таму, истакна Темелковски.
Ѕвонко Томевски, заменик-командир на Противпожарната бригада која со четири возила се вклучи во гасењето на пожарот во „Охис“, изјави дека сега се работи на догасување. Тој не можеше да прецизира од што избувнал пожарот. Во кругот на фабриката виделе само дека гори на три независни места.
– Испратени беа првично две возила кои почнаа со гасење, додека стигна останатата помош ни требаше малку време за да го сузбиеме целиот тој пожар. За жал, имаме колега кој вдишал малку повеќе чад, се надевам дека ќе биде добро, немаме информација. Пожарот мора да се догаси, да се расчисти теренот, па потоа да се види какво оштетување има на лице место, рече Томевски.