Македонија
Значително намалување на цените на горивата!
Со оглед на падот на цените на горивата на светските берзи, од вечерва на полноќ цените на горивата се намалуваат и кај нас.
Во согласност со методологијата за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 5.56%.
Преведено во цени, тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат по 3.00 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 64.00, односно 66.00 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 2.50 денари и еден литар дизел од вечерва ќе чини 56.00 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.