Македонија

Злато за медот на Нојкови од неготинско Дисан на меѓународен саем во Босна и Херцеговина

Златен медал освоил медот на семејството Нојкови од неготинското село Долни Дисан на меѓународен саем во босанскиот град Тузла.

-Дисанското злато се препознава. Само што добив мејл дека нашиот мед ги добил највисоките оценки на саемската манифестација. Станува збор за 15 Меѓународен саем за пчеларство и пчелни производи „Медена Тузла 2020“ и шесто меѓународно оценување на квалитетот на мед, на кое учествуваа 235 примероци од 17 држави во Европа и две од САД. Наградата е за ливадски мед, со што уште еднаш се потврдува високиот квалитет на медот од Дисан, појасни Марјан Нојков за , кој одгледува автохтона македонска медоносна пчела ,,Apis mellifera macedonica”.

Тој нагласи дека овие достигнувања се огромен успех за пчеларството и пчеларите во Македонија.

Доделувањето на медалите е на 19 септември.

Тагови

Поврзани вести