Патувања
Зимски дестинации за љубителите на снегот
Зимската идила е најмногу присутна на овие осум дестинации, кои туристите ги обожуваат. Штом падне првиот снег, овие места се полни со луѓе кои уживаат во природата и магијата на зимската бајка.
Алта Бадија – Италија
Одморањето во еден од шесте села на Алта Бадија и тоа под Алпите е идеално за оние кои сакаат скијање, но и ресторани и греани вина.
Нагано – Јапонија
Едно од фантастичните искуства кои можете да ги доживеете за време на зимата, се наоѓа во Јапонија и подразбира комбинација од несекојдневни спа центри, скијање и посета на паркот Јигокудани.
Баварија – Германија
Правата зимска бајка започнува во Баварија, а тука ќе имате прилика да ги погледнете впечатливите замоци и дворци под снегот.
Аспен – Колорадо
Област идеална за скијање и лизгање, а особено е интересна за оние кои сакаат активен одмор.
Салзбург – Австрија
Ако сте љубители на музиката, секако дека за време на зимскиот одмор ви препорачуваме да го видите прекрасниот Салзбург, и да го посетите музејот „Silent Night“ и „Mozarts Geburtshaus“.
Кируана – Шведска
Неколку километри од Кируна се наоѓа прочуениот Ice Hotel – уметничка изложба и хотел кој е направен од свеж снег. Дури 80 соби се отворени за време на зимата.
Рејкјавик – Исланд
Интересот за главниот град на Исланд е зголемен после снимањето на сцените на популарната серија „Game of Thrones“, а ако не се водите според ТВ насоките, во градот може да уживате на повеќе начини – добра забава, планинарење и капење.
Прага – Чешка
Греено вино, историско-туристичка понуда на градот, празнична атмосфера, лизгање и „Bohemian Carnevale“, сето тоа и уште многу повеќе работи ќе ви направат неверојатен престој во Прага.