Свет

Зима каква што не памети Шпанија: Мадрид не видел олку снег 50 години

Снежната бура Филомена ја парализира Шпанија. Оваа јужноевропска земја не видела олку снег од 1971 година, точно 50 години. Државната метеоролошка агенција соопшти дека ова е најголем снежен нанос во Мадрид наврнал од 25 до 50 сантиметри снег, најмногу уште од 1963 година.

Мадрижаните скијаат, возат сноуборд или пак уживаат во играта со топки по Гран Вија, една од најфреквентните улици во главниот град.

Мобилизирана е Армијата, која им помага на завеаните во автомобилите.

Досега четири лица починаа како резултат на бурата Филомена.

Пред неколку дена на Пиринејскиот Полуостров, во Арагоија, беше измерена најниската температура -34 Целзиусови степени.

Оваа недела во Мадрид се очекуваат температури и до -14 степени.

Тагови

Поврзани вести