Македонија
Земјотрес почуствуван во Ресен
Земјотрес со јачина од 2.5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Македонија.
Според Европскиот сеизмички институт, епицентарот на земјотресот бил на 4 километри од Грнчари, односно на 12 километри од градот Ресен. Земјотресот бил на длабочина од 2 километри.
Исто така денеска земјотрес бил регистриран и во Албанија од 3.3 степени според Рихтеровата скала.