Живот
Земјотрес од 3,5 степени во Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 3,5 степени е регистриран во 8 часот и 33 минути во близина на Зеница, јавува ЕМСЦ.
Според коментарите на ЕМСЦ, тресењето се почувствувало низ цела Босна и Херцеговина. Некои пишуваат дека не било силно, а други пишуваат дека ги разбудил земјотресот. Некои пишуваат и дека излегле на улица.
Во неколку коментари се наведува дека земјотресот бил почувствуван и во Хрватска.