Македонија
Земјотрес го стресе Скопје
Силен земјотрес со јачина од 3.4 степени ја стресе Македонија предмалку во 14 часот и 10 минути, според EMSC епицентарот се наоѓа на 12 километри од Скопје на границата со Србија и Косово.
Според првичните информации земјотресот беше на длабочина од 1 километар и беше значително почувствуван од граѓаните на Скопје кои испаничено изреагираа, но засега не се потврдени материјални штети.