Македонија

Земјотресот од Корча утрово почувствуван и во југозападниот дел на Македонија

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава 08.04.2020 година во 06 часот и 30 минути, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 155 км југозападно од Скопје во соседна Република Албанија, а потекнува од пограничното епицентрално подрачје Корча.

Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда 3.7 степени, а беше почувствуван од населението на нашата Република, особено во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Тагови

Поврзани вести