Македонија

Зголемувањето на даноците доведе до нови поскапувања на основните прехранбени производи

Владата на седница не го продолжи рокот на пакетот антикризни мерки, што значи дека од денес стапката на ДДВ за основните производи се враќа на 5 %, а се одмрзнуваат и трговските маржи на основните прехранбени производи.

Како резултат на тоа од денес 1-ви јуни граѓаните очекуваат поскапување на лебот, маслото за јадење, брашното,млекото, шеќер, свежо месо, сувомеснати производи, јајца и белиот ориз.

Исто така на полноќ истече рокот и на мерките за намалени цени на гориватаи други нафтени деривати кои прозлегоа од намалената стапка на ДДВ од 18 на 10 отсто, а РКЕ веќе ги објави новите повисоки цени на горивата.

Тагови

Поврзани вести