Македонија

Зголемен бројот на убоди од крлежи кај луѓето

Зголемен бројот на убоди од крлежи кај луѓето. Најмногу граѓаните се пожалиле и заминале на дежурен лекар во викенди кога се луѓето се најраздвижени во природата.

Во време на корона епидемијата ургентните центри најчесто се отворени за итните и тешки пациенти. Граѓаните кои имале мака со крлеж, може да заминат и од стартот на работната недела кај матичен доктор. Но да не се обидуваат граѓаните сами да ги вадат крлежите, вели дерматологот  Дејан Филиповиќ.

Прошетките во природа да бидат со долги панталони и по прошетката да се проверат пред се децата дали непоканетите крлежи ги понеле со нив во домовите.

Освен крлежите, со топлото време зголемен е и бројот на убоди од оси. Граѓаните кои имаат реакција веднаш да заминат на доктор или да повикаат брза помош, бидејќи силните алергиски реакции може да бидат и животозагрозувачки.

Тагови

Поврзани вести