Македонија
Зголемени нивоата на повеќе реки, дел се уште под јунскиот просек
Скопје, 14 јуни 2021 (МИА) – Нивоата на реките Вардар кај Јегуновце и Демир Капија, Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Бабуна кај Богомила, Струмица кај Сушево и Ново Село, кај кои денеска се извршени хидролошки мерења, покажуваат вредности повисоки од просекот за јуни.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, пониски нивоа од просекот имаат реките Вардар кај Скопје ЖМ, кај Велес, Лепенец кај Скопје, Пчиња кај Пелинце, Крива Река кај Крива Паланка, Црна Река кај Новаци и Р.Б. Мост и Црн Дрим кај Ложани.
Повисок водостој е измерен на Дојранското Езеро.