Забава
За Rolls-Royce нема криза – пријави рекордна продажба за 2021
Кризата која на големо ја тресе автомобилската индустрија се чини дека ја заобиколи познатата британска автомобилска компанија Rolls-Royce, од каде гордо објавија дека во претходната година продале 5.586 автомобили, што е најдобар резултат во долгата историја на компанијата чии ултралуксузни и скпи модели ги краси познатата скулптура Spirit of Ecstasy.

Rolls-Royce, кој е под покровителство на BMW повеќе од две децении, истакнува дека во споредба со 2020 година ја зголемиле продажбата за дури 49 отсто, но не прецизираа кој модел од споменатите 5.586 примероци е најпродаван, што во целата приказна за успехот и не е важно.
За раководството на Rolls-Royce е многу поважен фактот што веќе го распродадоа планираното производство за првите три квартали, а веќе е познато дека на благородничкото друштво ќе се придружи и новиот електричен модел Spectre, чие немилосрдно тестирање на четири континенти се одвива веќе подолго време.
Со ова се потврдува нееднаквоста во општествата во светот и од еколошки аспект не претставува проблем возењето на вакви возила за богатата популација, бидејќи имаат да платат за еколошки такси што е уште една потврда дека со казни и зголемување на даноците со еколошки предзнак нема никакви решенија.