Свет
Вакцинација за патување!? Холандија од 6 септември ќе бара и вакцина и ПЦР тест и карантин за влез на македонските државјани

Холандија објави дека од утре ќе ја стави Македонија на листата земји каде што постои многу висок ризик од зараза со коронавирус, при што за македонските државјани се воведуваат нови драстични ограничувања за влез во земјата.
Целосно вакцинирани македонски државјани и натаму ќе можат да влезат во Холандија, но сепак прво ќе мора да одат во задолжителен десетдневен карантин. Тоа важи од 4 септември.
Останува да сочекаме какви одлуки ќе донесат и останатите земји со оглед на општо познатиот факт кај нас дека голем дел од луѓето се вакцинираа со причина за полесно патување.