Македонија

За кого регулира регулаторната комисија, од денеска нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на горивата. Се поставува прашањето за кого регулира регулаторната комисија, како ги формира цените? Цената на бензините во Унгарија е 70 денари, а кај нас 110 денари, кој е кривецот за оваа ситуација ако насекаде безмилосно се користи оправданието  “СЕГДЕ Е ТАКА” за се и сешто па дури и за цената на струјата како најголема небулоза.

Инаку може да ја споредиме и цената на бензините во 2008 година која изнесуваше околу 70 денари, а цената на барел нафта во тоа време се движеше околу 160 долари за барел, денес цената на барелот е околу 120 долари за разлика од тоа пак цената на бензинот е 113 денари. Кој кого мафта и фарба во целава играрија со државната регулаторна комисија!?

За небулозата околу формирањето на цената на струјата е и смешно да се споредува, се е исто во производството во последните 30 години, а цената на струјата е десетпати зголемена, а најсмешно е оправданието кое се користи : “..ама цената на берзите” која нема никаква врска со домашното производство на струја.

Во петокот РКЕ одлучи цената на дизелот да се зголеми за два денари. Цените да останатите нафтени деривати останаа непроменети.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 111,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 113,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 109,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 105,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 56,317 (денари/килограм)

Тагови

Поврзани вести