Економија

За Европската политичка заедница економијата и регионалната соработка се на прво место

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на четвртата средба на шефовите на држави или влади на членките на Европската политичка заедница во Оксфорд.

Малкумина знаат што е тоа Европска политичка заедница и зошто е значајна.

Европската политичка заедница беше иницирана од францускиот претседател Емануел Макрон за време на претседавањето на Франција со ЕУ како платформа за поттикнување политички дијалог и соработка за решавање на прашања од заеднички интерес и за зајакнување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на европскиот континент.

Одлуката за основање на Европската политичка заедница беше донесена на заседанието на Европскиот совет во јуни 2022. Целта на Заедницата е политичка координација и таа не претставува замена на ниту една постоечка организација, структура или процес.

Претходните три самити на Европската политичка заедница се одржаа во Прага на 6 октомври 2022 година, во Кишињев на 1 јуни 2023 и во шпанскиот град Гранада на 5 октомври 2023 година.

На првиот Самит во Прага, лидерите главно разговараа за прашања поврзани со мирот и безбедност, особено за руската агресија врз Украина и енергетската криза што таа ја предизвика.

На следниот собир во Кишињев главни теми на дискусија беа заедничките напори за мир и безбедност, зајакнувањето на енергетската отпорност и поврзувањето и мобилноста во Европа.

Во Гранада во лани во октомври, лидерите дебатираа за тоа како Европа да се направи поотпорна, попросперитетна и геостратешки позначајна.

Следниот Самит на Европската политичка заедница предвидено е да се одржи на 7 ноември годинава во Будимпешта.

Тагови

Поврзани вести