Свет
Зачуваните мочуришта се клучни за опстанокот на природата и луѓето
WWF Adria по повод Светскиот ден на мочуриштата го насочува вниманието кон важноста на зачувувањето и обновата на мочуриштата и другите влажни места како што се реките и езерата кои се исклучително важни живеалишта за природата и луѓето.
По повод Светскиот ден на мочуриштата, кој оваа година е во фокусот за зачувувањето на биолошката разновидност, Светската организација за зачувување на природата на WWF Adria го привлекува вниманието на нивната исклучителна важност за многу видови на растенија и животни, како и за луѓето. Придобивките од мочуриштата се многубројни – мочуришната вегетација придонесува за подобар квалитет на водата и делува како филтер за да се намали влијанието на различните извори на загадување, тресетиштата го потхрануваат 30 отсто од копнениот CO2, ги ублажуваат ефектите од климатските промени, додека мочуришните екосистеми се многу пати поголеми од на пример шумите.
И покрај сето ова, мочуриштата и другите влажни живеалишта исчезнуваат три пати побрзо од дождовните шуми. Дури 35 отсто од нив исчезнаа од 1970 година, додека во истиот период исчезнале 81 отсто од популацијата на видовите на кои мочуриштата им се дом. Се проценува дека пред изумирање се 25 отсто од мочуришните врсти. Главните причини за исчезнување на мочуриштата се исушување заради одводнување предизвикано од земјоделство или градежништво, загадување, искористување на нивните ресурси и климатските промени.