ВодаКлима

Затоплувањето на океаните-опасност за морскиот свет и луѓето

Според најновото истражување објавено во Колорадо, температурите на океаните во светот се повеќе раснат.

Научниците тврдат дека главната причина е глобалното
затоплување односно климатските промени.

Со затоплувањето на океанските води можни се поголеми
невремиња, урагани како и ризик од огромни поплави. Загреаната
вода која се шири на север и на југ ги уништува ледените слоеви на
Гренланд и Антарктикот. Како последица се јавува зголемување на
нивото на морето.

Океаните апсорбираат околу една третина јаглероден диоксид кој е
предизвикан од човечките активности, што доведува до нивно
закиселување.

Овој процес го уништува морскиот свет а со тоа и изворот на храна

за повеќе од 500 милиони луѓе, пишува Гардијан.

Додека светот се загрева поради согорувањето на фосилните
горива, уништувањето на шумите и слични активности, најголемиот
товар го превземаат океаните. Во последните 50 години повеќе од
90 проценти од произведената топлината е апсорбирана во
океаните, со што привремено е заштитена флората и фауната на
копното од екстремно високи температури.

Доколку не смениме нешто, океаните ќе продолжат да се
загреваат. Ќе продолжиме да уриваме температурни рекорди,
изјави климатологот Мајкл Мен од универзитетот Пен Стејт.

Долгорочното затоплување на океаните е најизразено во
Атланскиот и Јужниот Океан, иако треба да се напомене дека
минатата година рекордно високи температури беа забележани и
во Средоземното Море.

Тагови

Поврзани вести