Македонија

Засилената урбанизација на Галичица е опасна за нејзиниот статус на УНЕСКО

Планината има потреба од равој но не по цена на засилена урбанизација и узурпација на нејзините природни вредности, вели Андон Бојаџи од НП „Галичица“ кој алармира дека освен бесправната сеча, природата на оваа планина ја уништува урбаното насилство преку изградбата на нелегални викенд куќи чиј број досега безмилосно се искачил на 1000.

Дополнително таа урбанизација се коси со правилата на УНЕСКО за заштита на целото подрачје.

„Ви тврдам дека поголема закана за природните вредности на паркот е урбанизацијата, отколку бесправна сеча. Во сите случаи кога имало бесправна градба ние нашиот чекор сме го направиле“ – изјави Андон Бојаџи НП „Галичица”.

Во теророт врз планината не учествува управата на националниот парк но одобрение даваат другите државни органи посочува Бојаџи кој информира дека до нив стигнале 450 барања за легализација на бесправно изградените објекти.

„Ако не стават на листа за загрозено културно наследство, тоа ќе биде урбанизацијата“ – вели Бојаџи.

Територијата на паркот со над 22.000 хектари се протега на две општини Охрид и Ресен.

Во неговите граници гравитираат 18 села од кои 14 во Охридска и 4 во Ресенска општина. Планината Галичица статусот на Национален парк го доби пред 6 децении.

Тагови

Поврзани вести