Македонија

Засадени вкупно 2.000 дрвца во Скопје

Екипи на Град Скопје денеска засадија 42 висококвалитетни листопадни садници од видот јавор во дрворедот на булеварот 8 Септември, како и 20 садници од видот бреза во средишната жардиниера на булеварот. Со тоа заврши пролетната акција за зазеленување на Скопје.

„Денеска завршува пролетната акција за зазеленување на Скопје. Оваа пролет го збогативме градот со нови 2.000 висококвалитетни листопадни садници. Наесен планираме засадување на 8.000 нови висококвалитетни садници, со што оваа година ќе ја заокружиме бројката од 10.000 нови дрвја во Скопје“, рече градоначалникот Шилегов.

 

Тагови

Поврзани вести