Вести
Западнонилска треска регистрирана во неколку градови во Србија
Западнонилска треска, болест којашто ја пренесуваат комарците, е регистирана во неколку градови во Србија, потврдил д-р Иван Алексиќ од Институтот за биоциди – јавија српските медиуми.
Комарците кои се заразени ги имало во Белград и во уште неколку градови во Србија.
Алексиќ истакнува дека комарците најчесто се наоѓаат во шумските предели, но регистрирани се и на неколку места во градските средини.
Дури 80 отсто од заразените немаат скоро никакви симптоми, додека околу 20 отсто развиваат треска, главоболка, повраќање или осип на кожата. Закрепнувањето може да трае до неколку месеци.
Но помалку од еден процент од луѓето развиваат менингитис или енцефалитис, при што се јавуваат симптоми како вкочанетост на вратот, збунетост, губење на свеста.