Свет
Замрзнати 2,3 милијарди евра субвенции за Харвард
Американското Министерство за образование синоќа објави дека ја замрзнува федералната поддршка за Харвард универзитет во износ од приближно 2,3 милијарди долари. Причината е одбивањето на универзитетот да ги исполни барањата на Белата куќа, вклучувајќи и укинување на програмите за различност, еднаквост и инклузија.

-Изјавата на Харвард ја отсликува загрижувачката перцепција за граѓанските права која владее на врвните универзитети во САД – дека федералните средства не подразбираат обврска за почитување на законите, се вели во соопштението на Работната група за борба против антисемитизам при министерството.
Министерството информираше дека се замрзнуваат 2,2 милијарди долари во грантови и уште 60 милиони во договори со универзитетот.