Македонија

Охридското езеро во мраз, а замрзната и поголема површина од Црни Дрим и Глобочица

Дел од  Охридското Езеро кај Струга,  на потегот кај женска плажа од вчера е под дебел слој мраз. Замрзнати се и поплитките делови од езерото кај Калишта, Радожда и во Охрид. Ниските температури  кои се спуштија неколку степени под нулата си го направија своето. Ваквата појава е невообичаена  за езерото кое многу ретко замрзнува.

Постарите жители се потсеќаат дека во минатото многу често езерото замрзнувало, па како деца го користеле за лизгање.

„Пред 7 – 8 години имаше и пред петаесеттина години исто имаше. Природа си е природа. Во 1964 година сме дојдени од селото Глобочица каде сме по потекло. Замрзнувало и порано, зависи од годината“.

„Кога бевме деца често замрзнуваше покрај брегот. И ние како деца сме се лизгале. Целиот дел беше блато и често сме се лизгале, на околу 50 метри од брегот“, велат граѓаните.

Поголема површина од акумулацијата на браната Глобочица кај Струга и реката Црни Дрим неколку дена се покриени со мраз. Како што информиравме и претходно, од вчера под дебел слој мраз се и делови од Охридското езеро, на потегот кај „Женска плажа“, како и поплитките делови од езерото кај Калишта, Радожда и Охрид.

Тагови

Поврзани вести