ВестиСвет

Замрзнаа Нијагарините Водопади!

Делови од Нијагарини водопади, кои се наоѓаат во државата Њујорк, на самата граница меѓу САД и Канада, замрзнаа во текот на викендот откако минатата недела температурите во тој дел на Америка се спуштија на -18 степени Целзиусови.

Индепендент пишува дека туристите кои ја посетиле локацијата можеле да видат и фотографираат големи заледени парчиња како пловат по реката, а облаците од пареа и виножито биле атракција во текот на целиот ден.Иако на некои фотографии изгледа како водопадите во целост да се замрзнати, водата никогаш не престанува да протекува ни покрај екстремно студеното време.

Тагови

Поврзани вести