Живот
Загрозен крокодил на грбот носи повеќе од 100 младенчиња
Ретка и моќна фотографија од загрозениот крокодил „гаријал“ кој ги носи своите 100 малечки на својот грб стана хит на интернет. Обично крокодилите ги носат своите младениња со уста, но овој вид, кој е стар околу 4.000 години, а е во изумирање, очигледно има друг начин, јавува МИА.
Фотографијата ја направил индискиот фотограф Дритиман Мукерџи. Тој 20 години се грижи за животните и нивната заштита. „Гаријал“ крокодилите беа заштитени во 80-тите години, кога почнаа контролирано да се одгледуваат, а видот почнал нагло да опаѓа уште во 1930-тите години на минатиот век.