Клима

Загинаа над 1.100 луѓе во Пакистан: Штети од поплавите 10 милијарди долари

Над 1.100 лица загинаа, а третина од Пакистан е под вода по обилните монсунски дождови во земјата.

Најголем дел од смртните случаи се пријавени во северозападната провинција Кибер Пахтунхва и јужната провинција Синд, кои беа најтешко погодени од поплавите.

Повеќе од 3.451 километар патишта, 149 мостови, 170 продавници и 949.858 куќи беа оштетени низ Пакистан, кој е погоден од врнежи од средината на јуни.

Министерот за планирање и развој Ахсан Икбал денеска изјави дека на Пакистан ќе му требаат повеќе од 10 милијарди долари за санирање на штетите предизвикани од поплавите од монсунските дождови и за обнова на оштетената инфраструктура.

Во Пакистан во тек е акција за давање помош на ранливите лица, а меѓународната помош почнува да пристигнува.

Тагови

Поврзани вести