Вести

Забранувањето на пластичните кеси може дополнително да и наштети на животната средина

Алтернативните материјали за амбалажа за пакување се полоши од пластичните кеси, покажуваат некои анализи. Имено, притисокот врз потрошувачите да се забрани пластичната амбалажа, всушност, може да и наштети на животната средина, велат истражувачите.

За да се исфрли пластичната амбалажа од употреба, компаниите користат други материјали кои може да имаат уште поштетно влијание врз природата. Такви, се на пример, стаклените шишиња. Тие се многу потешки од пластичните и со самото нивно транспортирање ја загадуваат животната средина. Хартиените кеси, пак, содржат многу повеќе јаглерод диоксид од пластичните и не може да се користат повеќе пати.

Промената на амбалажниот материјал предизвика загриженост кај купувачите поради влијанието на пластичниот отпад врз океаните. Меѓутоа, можните последици од користењето алтернативни материјали не се правилно испитани.

Малопродажните синџири се плашат дека забуната може потенцијално да и наштети на природата ако неинформираните луѓе ја стават компостабилната пластика со обичната пластика или ја врлат во ѓубре затоа што мислат дека ќе се разгради како едно јаболко. Некои компании кои користат таква пластика напоменуваат дека материјалот нема да се разгради како што очекуваат луѓето.

Тагови

Поврзани вести