Забава

Забранета намирница во домот на семејството Ѓоковиќ

Фантастичните достигнувања во тенисот на Новак Ѓоковиќ честопати се објаснуваат како резултат на упорниот тренинг, талентот, но и грижата за здравјето кое се базира на специфичната исхрана.Самиот Новак постојано одбиваше да се декларира како веган или вегетаријанец.Според него сето тоа се етикети кои подоцна погрешно се толкуваат.Новак и Јелена не користат шеќер во исхраната, но тенисерот не ги избегнува јаглехидратите. Неговиот ручек најчесто се базира на тестенини, но без глутен.

Кога станува збор за слатките, постои една позната анегдота кога по освојувањето на турнирот во Австралија 2012 година, одеднаш зел чоколадо, па изел само една коцка, а остатокот од таблата останал недопрен. Затоа на теренот секогаш има урми, одлични се поради нискиот гликемиски индекс. Од овошје богато со шеќер јаде и банани, а секој ден зема по две лажички мед манука. Во неговата исхрана вклучени се и јаткастите плодови и семките.

Токму тие состојки се дел од колачите на Јелена. Таа советува да експериментирате сами, да измешате мелени јаткасти плодови по вкус, да додадете урми и кокосово масло, малку и бобинки – јагоди, малини. Какаото и индиските ореви можат да бидат одлични додатоци. Смесата измешајте ја и формирајте бомбици, а потоа оставете ги да се изладат.

Тагови

Поврзани вести