Македонија

ЖИТЕЛИТЕ НА ЦЕНТАР ОД ДЕНЕС ЗА СЕКОЕ РЕЦИКЛИРАНО ПЛАСТИЧНО ШИШЕ ЌЕ ДОБИВААТ ПОВРАТ НА СРЕДСТВА

Од денеска жителите на општина Центар ќе може да рециклираат пластични шишиња и лименки, а за тоа ќе добиваат поврат на средства. ЈП „Паркинзи Општина Центар“ ги пушти во употреба првите повратни вендинг машини за рециклирање. Првите седум машини за рециклирање се поставени пред бараките на Општина Центар, кај слаткарница „Апче“, кај монтажната гаража „Буњаковец“, во затвореното паркиралиште „Дом на градежници“, затворено паркиралиште „Зелен пазар“, во ГТЦ и затвореното паркиралиште „Дилајла“ во Капиштец.

За секое рециклирано пластично шише или лименка од 0,25 до 0,75 литри жителите ќе добиваат 0,5 денари, за шише од 1 до 1,75 литри добиваат 1 денар, а за шише од 2 до 2,25 литри, 1,5 денари. Парите ќе ги добиваат на платежната картичка  „Грин пеј“.

Општина Центар за спроведување на овој проект обезбеди 12 милиони денари.

До крајот на годината ќе бидат поставени вкупно 27 машини.

Тагови

Поврзани вести