Македонија
Жителите на Расадник протестираа против ДУП-от кој предвидува масовна бетонизација
Вчера доцна попладнето се одржа протестот во населбата Расадник, во Кисела Вода.
Учество зема и неформалната организација „Расадник на можности“, кои своите барања ги доставија до општината.
Расадник е една од населбите во Скопје која за брзо време се претвори во комплекс од згради, чиј квалитет на изградба е постојано доведен во прашање, но и покрај тоа, интересот за стан повеќе и понатаму расте.
На протестот немаше огромен одзив, но пораката која граѓаните ја пренесоа е јасна – тие не сакаат бетонизација на својата населба.