Свет
Жителите на Косово ќе можат да излегуваат само 90 минути дневно
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, министерот за здравство Арбен Витиа, на вечерашната вонредна прес конференција пред Владата, соопшти дека мерките ќе важат до 5 мај.

Министерството за здравство на Косово ги објави вечерва новите мерки за спречување на ширењето на епидемијата на Ковид-19, според кои граѓаните постари од 16 години, од среда, 15 април, ќе можат да излегуваат единствено за набавки со прехрамбени и фармацевтски производи, и тоа во период од еден час и половина во текот на денот.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, министерот за здравство Арбен Витиа, на вечерашната вонредна прес конференција пред Владата, соопшти дека мерките ќе важат до 5 мај.
Министерот појасни дека периодот во кој граѓаните ќе можат да го користат своето време за набавки, од 7 до 22.30 часот, се определува според претпоследната бројка од нивниот персонален број во личната карта.
За странските државјани кои живеат во Косово ќе важи претпоследната бројка од нивниот патен документ – пасошот.
За деца под 16-годишна возраст исто така ќе биде дозволено излегување по час и половина дневно, но единствено во придружба на член од тесното семејство.