Сомалиска слонска земеровка (или сомалиски Сенги) е откриена во Африка откако се сметала дека исчезнала пред 50 години, објави „БордПанда“. По извештаите за мистериозни набудувања, научниците се упатија кон земјата и го пронајдоа животното. За да го фатат животното, поставија повеќе од 1.000 стапици на 12 места. Како мамка користеле мешавина од путер од кикирики, овесна каша и квасец. https://www.instagram.com/p/CECPMmOhXdY/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again Вреди да се спомене дека жителите на локалните места никогаш не сметале дека овие Сенги се изумрени. Откривањето на сомалиските Сенги е првиот чекор во зачувување на истите. Научниците и конзерваторите сега ќе можат да се осигурат дека никогаш повеќе нема да исчезне, изјави Келси Нем од Wildlife Conservation за Би-Би-Си. На прв поглед, тие изгледаат како глушец, но со мал нос сличен на трупот на слонот. Тие се вообичаени само во Африка. Тие живеат сами или формираат моногамни парови кои активно ја чуваат својата територија. Тие главно се хранат со без’рбетници како што се инсекти, пајаци, и слично.