Природа

Етна повторно исфрла лава и пепел

Вулканот Етна по три недели мирување, повторно исфрла лава и пепел, пренесува Еуроњуз.

Како последица на големата ерупција, во близина на вулканот се почуствувале неколку земјотреси.

Експертите наведуваат дека не била позначајна активност во самите кратери.

Со површина од 1,250 километри квадратни, Етна е најголемиот активен вулкан во Европа, а честите ерупции траат последниве 500 илјади години.

Тагови

Поврзани вести