Македонија
ЕСМ со загуба од 28 милиони евра, ЕВН со добивка од 28 милиони евра
- Државната компанија ЕСМ ја заврши 2021 година со катастрофален минус од 28 милиони евра. Минусот од претходната минусот беше 16,7 милиони евра.
- Истовремено, австриската „ЕВН АД Скопје“ ја завршила минатата година со добивка токму од 28 милиони евра. Во 2020 година пак, нејзината добивка била 29,5 милиони евра. Останува мистерија која е пак компанијата ЕВН Хоум на која се уплаќаат парите за ЕВН, која исто така има пријавени огромни профити… еве тема за истражувачките новинари.
- За незаконското повлекување на струја во октомври, МЕПСО доби фактура од 16,5 милиони евра. Но, МЕПСО од државната каса за решавање на енергетската криза доби повеќе од 16 милиони евра. Годината ја завршиле со плус од 950.000 евра, откако онаа претходната ја завршија со минус од 5,8 милиони евра.
- До февруари оваа година, за справување со енергетската криза, на државната ЕСМ ѝ беа префрлени 170 милиони евра.
Пренесува off.net.mk