Храна
Есенски плодови за добро здравје
Есенските плодови претставуваат богата ризница на витамини и антиоксиданси кои му се потребни на организмот, токму затоа е потребно да се одберат разновидни и разнобојни плодови кои делуваат корисно за нашиот организам.
1. Киви
Кивито потекнува од Нов Зеланд, а денес се одгледува на Медитеранот, во Јужна Америка и Русија. Богато е со витамин Ц, а само еден плод содржи 120% од препорачаната дневна количина на тој витамин. Се препорачува на лица со намален имунитет и зголемен крвен притисок.
2. Мандарина
Ова овошје не случајно зрее во сезона на грипови и вирози, токму затоа е препорачливо неговата консумација со цел да се заштитите од евентуалните настинки и вируси. Богати се со витамините А и Ц, витамини најзаслужни за зголемување на имунитетот.
3. Костени
На почетокот се одгледувале во Кина, Јапонија, Италија и Шпанија, а денес се познати стотици различни видови на костени. Тие имаат посебен состав и сладок вкус, а се одличен извор на минерали. Костенот е единствениот плод од овој вид кој содржи витамин Ц, а истовремено претставува идеален извор на витамин Б6, калиум и фолна киселина.
4. Ореви
Се смета дека потекнуваат од Персија, а уште од древните времиња се садат низ целиот свет. Претставуваат енергетски бомби, бидејќи содржат незаситени масти кои се добредојдени во секојдневната исхрана на човекот.
5. Грозје
Се појавува во грчката и римската митологија, со акцент на опојните карактеристики на виното. Грозјето содржи флавониди, кои посебно се важни за кардиоваскуларниот систем на човекот. Минералот бор кој се наоѓа во грозјето е посебно важен за коските.
6. Пченка
Особено е важна за човекот, бидејќи не го оптоварува дигестивниот систем, а истовремено претставува богат извор на витаминот Б1, како и на витаминот Б5, фолната киселина, ниацинот, витаминот Ц, фосфорот, калиумот и магнезиумот.
7. Јаболка
Зрелите и миризливи јаболка се сигурен знак дека есента е на прагот. Освен влакна, флавониди, витамини и овошен шеќер, јаболката се чувари на здравјето, а секојдневното консумирање помага при снижување на зголемениот холестерол, детоксикација, штити од малигни заболувања и ја подобрува столицата.