Вести
Есенска идила во Скопје

Жолтата боја, шушкањето на лисјата под нозе, тишината на раната есен и малку сонце е она што ни треба сега во време на корона и зовриени политички страсти. Најубаво, рано насабајле, додека Скопје се буди и почнува трката со времето и професионалните обврски.

Скептиците стануваат романтичари, песимистите-оптимисти.Воздухот мириса на надеж, ви навираат спомени од младоста, се прашуваме што ни носи иднината.

Есента не е само циклус во природата, премин од летните радости кон зимските мрзоволности. Знае да биде и состојба на расположение.

Меѓу младоста и староста, ја живеете есента на вашиот живот. Кога ги собирате плодовите од вашата работа. И од земјата и во животот.

Дали сте спремни за есен?







