Македонија
„Ер тракторите“ кончено на сервис, дали ќе има одговорност за негрижата?
Два големи пожари во кои горат педесетина хектари зимзелена и листопадна шума, како и 140 пожари регистрирани досега во месецот, го активираа алармот во Центарот за управување со кризи. Оттаму велат дека за разлика од минатата година општините и надлежните институции се далеку поподготвени, има поголем број на пожарникари а ќе може да се смета и на авионите „ер трактор“ и дополнителен полициски хеликоптер.
По доаѓањето на оваа власт авионите за гасење пожари тотално беа запуштени и несервисирани како една од многуте истоветни ситуации поради фрустрациите од претходната власт или тоталната неспособност за работа. Оваа грешка ја чинеше многу Македонија во изминатите години со многуте неизгаснати пожари, а власта замислете наместо да сервисираат наши авиони повикува и плаќа исти од надвор згора на тоа и се фалеа со истото.
Одговорност за направената штета и одговорност за негрижата (или намерната негрижа) ниту некој поднесе нити некој ја сноси!
Еден „ер трактор“ е сервисиран и е во функција, а по инспекцијата од Агенцијата за цивилното воздухополовство ќе се врати од Шпанија во Македонија, потврди директорот на ДЗС. Другите два авиони кои според процедурите во пар требаше да летаат до Шпанија за сервисирање сеуште се на скопскиот аеродром бидејќи кај еден од нив имало ситен дефект на моторот.
Официјалните проценки се дека 38,5 милиони евра е шетата од пожарите минатата година, но штетата на еко системот во Малешевијата е непроценлива.