Свет

Електричните автомобили ќе се полнат брзо, но ќе имаат и загуби

Полнењето на батеријата на електричните возила во иднина ќе трае само неколку минути. Струјата на полнење станува сé посилна, а електричарите веќе знаат за каков проблем станува збор.

 

Чекањето со часови додека се наполни батеријата на електричниот автомобил повеќе нема да се случува во иднина. Полначите сé побрзо ја полнат батеријата, но со тоа се смалува ефикасноста. Калифорнискиот специјалист за електрични возила Tesla прв почна со изградба на сопствена мрежа од супербрзи полначи. Во почетокот полначите имаат моќност од 90 kW, потоа се премина на 120 и на 145 kW. Во иднина ќе се полни со 250 kW. Тоа значи дека за само пет минути ќе се обезбеди енергија за 120 километри пат.

Во меѓувреме се разбуди конкуренцијата. Европскиот стандард CCS наскоро ќе нуди до 250 kW, а во подолг рок се најавуваат и 500 kW. Неодамна претставениот кинеско-јапонски стандард Чао Ји ќе достигне дури 900 kW во видно време. Европските производители на камиони развиваат полначи со моќност до 3 MW. На тој начин ќе се овозможи помасовна електрификација и во транспортниот сектор. За споредба, домашната приклучна кутија располага со најмногу 3,6 kW.

Енергија за сто километри пат ќе се наполни за околу минути – тоа ќе биде и повеќе од доволно до следната станица за полнење

Моментно само малку автомобили можат да ја користат високата моќност на полначите. Меѓу нив секако предничи Tesla Model 3 со 200 kW. Нов стандард пристига со Porsche Taycan, со моќност од 600 КС и досег до 500 километри. Електричната спортска лимузина ќе има премиера во септември на салонот во Франкфурт, а испораките ќе следат во почетокот на следната година. Кај неа ќе бидат можни 250 kW, а по 2021 година ќе се овозможи и полнење со 350 kW. Батеријата со капацитет од 95 kW ќе се наполни до 80% за само 15 минути. Енергија за сто километри ќе се обезбедува за помалку од четири минути.

Тагови

Поврзани вести