Свет
Експлозија во хемиска фабрика во Леверкузен
Силна експлозија од хемиска компанија денеска одекна во германскиот град Леверкузен. Пет лица се водат за исчезнати, а неколкумина се повредени.

Според светските медиуми, сведоците изјавиле дека виделе чад, а германската агенција за цивилна заштита прогласила тревога за „екстремна опасност“.
Како што објави „Дојче веле“, ситуацијата во хемиската компанија Курента е сѐ уште непрегледна, а според полициски наводи на лице место има многу припадници на полицијата кои работат на разјаснување на случајот. Келнската полиција на Твитер моли граѓаните да го заобиколуваат во широк круг погоденото подрачје и да ги остават улиците проодни за спасувачите, пожарникарите и полициските службеници.