Македонија

ЕКО ФАП во Охрид ќе подига кабаст отпад без никаков надомест

ЕКО ФАП Охрид во сабота на 13.11.21 ќе излезе во пресрет на потреби на охриѓани за подигнување на кабаст отпад од вашите домови без никаков надомест.

Оваа акција се организира за прв пат и овој пат важи само за реонот опфатен со улиците: Сирма Војвода , 8-ми септември, Лазо Трпоски и Питу Гули. Своите потреби за подигање на кабаст отпад можете да ги соопштите во Здружението ЕКО ФАП на телефон: 071 322 898 (лице за контакт: Стефан) најдоцна до петок 12.11.21 до 20.00 часот. Најавата е потребна со оглед на ограничениот товарен простор во возилата на ЕКО ФАП. Ваше е само да се најавите и да обезбедите работна сила за товарење на отпадот, велат од здружението.

ЕКО ФАП е наше охридско здружение и пријател на Охрид! Не дозволувајте околината да биде нагрдена со вашиот отпад на тротоарите покрај контејнер! Сакајте го Охрид! Учествувајте во оваа иницијатива во зачеток! Вака почнале сите големи идеи! Заедно да пробаме! – додаваат од ЕКО ФАП.

Тагови

Поврзани вести