Вести
Еко факти за светот во кој живееме

Некои земји интензивно се обидуваат да го намалат штетното влијание на човекот врз планетата.
Дали сте забележале колку е променета климата во последно време?
Човекот со своите дела постојано ѝ наштетува на природата.
Еко факти за светот во кој живееме:
– Секој ден 35 тони отпад се фрла во океаните, а океаните покриваат 71% од површината на земјата.
– Во 2015 година океаните ќе содржат повеќе пластика, отколку риби.
– Секоја година 17 барели нафта се употребуваат во индустријата за производство на амбалажа за еднократна употреба.
– Секоја минута се купуваат 1 милион пластични шишиња.
– Околу 80 процени од материјалите на депониите може да се рециклираат.
– 20% од глобалното индустриско загадување доаѓа од обработката и фарбањето на текстил за производство на облека.
– 99% од гардеробата може да се рециклира, а 70% од гардеробата не ја носиме.
– Загадувањето убива 9 милиони луѓе годишно.
– Годишниот пораст на температурите до 2100 година ќе биде по 4 степени Целзиусови.
– Тајван се обврза дека до 2030 година ќе ја елиминира пластичната амбалажа за еднократна употреба.
– Градот Дентон во Тексас, кој има 130.000 жители, користи само струја добиена од соларни панели и ветер.
– Њујорк со користење на ветерници ќе снабдува со струја 1.2 милиони домови и на тој начин ќе отвори 5.000 нови работни места.
– Шведска рециклира 99% од својот отпад.